стоматолошка ординација

"Во нашата ординација ќе најдете лекар
кој се грижи за вас, ваш семеен стоматолог.
Наша цел е да имате здравје во устата и
насмевка на лицето"

- Прим. Д-р. Јелица Кртолица

Нашите
УСЛУГИ


Со добра превентива и висока свест за устното здравје можете да ги сочувате вашите заби и непца здрави. Бенефитот од навремената превентива можете да го чувствувате целиот живот, како во здравствена така и во финанскиска смисла.

   1. Едукации за устна хигиена за деца и возрасни
   2. Топикално флуорирање на заби
   3. Отстранување на тврди и меки наслаги
   4. Залевање на фисури

Денес постојат многу естетски решенија за вашите заби кои се едноставни и трајни. Конзервативното естетско решение со современи нанокомпозити од реномирани брендови (Ivoclar, GC, Ultradent, Coltene...) може да ја одложи протетската реконструкција, а воедно и да понуди решение на вашиот проблем.

   1. Естетски реставрации со композитни материјали во антериорен сектор
       - затворање на диастеми без брусење
       - менување на стари неестетски пломби
       - лекување на кариес
   2. Естетски реставрации со композитни материјали во постериорен сектор
   3. Надградби од композитни материјали на ендодонтско лекувани заби
   4. Гласиономерни пломби

Не лекуваниот кариес често стасува до нервот на забот и со тоа предизвикува негови заболувања. Во зависност од дијагнозата следи лекување на забот. Бидејќи лекувањето на забите во стоматологијата може да се спореди со операција на срце во хирургијата, тоа мора да биде апсолутно стерилно и прецизно изведено.

   1. Витална екстирпација на нерв
   2. Мортална екстирпација на нерв
   3. Ампутација на нерв
   4. Краткотрајно ендодонтско лекување со употреба на coferdam и apexlocator
   5. Долготрајно ендодонтско лекување со употреба на coferdam и apexlocator

Навремено дијагностицирање на неправилностите во растот и развојот на забите, забните лакови и целиот устно-лицев масив е прв услов за успех во ортодонтската терапија. Раната дијагностика нуди можност за примена на широк спектар на ортодонтски техники како изборни решенија во корекцијата на овие аномалии.

1. Превентивна ортодонција – отстранување на можните предизвикувачи на ортодонтска неправилност кај нашите најмали пациенти( цицање цуцла, цицање палец, дишење на уста, предвремено губење на млечните заби)
2. Интерцептивна ортодонција – терапија на првите знаци на ортодонтска аномалија кај мали деца
3. Миофункционална терапија – корекција и балансирање на функцијата на мускулатурата на орофацијалната регија кај деца и возрасни
4. Терапија со мобилни ортодонтски апарати
5. Терапија со фиксни ортодонтски апарати ( Damon систем)

Современиот начин на живот проследен со многу стрес резултира со чести главоболки. Бруксизмот односно чкртањето со забите е речиси редовна состојба кој современиот човек. Изворот на овие главоболки не ретко е во темпоромандибуларниот зглоб поради негова преоптеретеност и преоптеретеност на жвакалната мускулатура. Навремената дијагностика и терапија може да ја отстрани болката и да ги спречи промените што настануваат во зглобот.

1. Лекување на темпоромандибуларна дисфункција(ТМД) -физикална терапија со вежби, Aqualiser, сплинт
2. Корекција на загриз со корекција на положбата на зглобот пред протетска терапија или поставување на ортодонтски апарат
3. Балансирање на функцијата на мускулите во пределот на лицето и вратот во терапија на бруксизам

Меките и тврдите ткива околу забите (пародонталниот лигамент, алвеоларната коска, непцата и епителијските прираснуванја) се темел што ги држи забите всадени во коската. Здравјето на непцата е нужно за здравје во устата. Со правилна едукација на пациентот и редовни пародонтални третмани тоа може да се постигне.

   1. Дијагностика и лекување на устни болести
   2. Лекување на гингивитис
   3. Лекување на хроничен и акутен пародонтитис
   4. Ултразвучно чистење на тврди забни наслаги
   5. Отстранување на меки забни наслаги
   6. Лупење и замазнување на коренте на забите
   7. Киретажа
   8. Медикаментозен третман на непца

Протетиката овозможува реконструкција на сé што ви недостасува во устата. Со врвна и прецизна протетска реконструкција можете да си овозможите квалитетен живот. Варењето на храната започнува во устата со добро џвакање на храната, за што ви е потребно комплетно забало. А, за да можете да бидете социјализирани и да се чувствувате пријатно и со самодоверба, потребна ви е и убава насмевка.

Мобилна протетика:
   1. Тотални протези
   2. Парцијални протези со лиена база и вградени атачмени.
   3. Пародонтално потпрена тотална протеза
   4. Тотална протеза на импланти
   5. Конусни коронки
   6. Reachmond атачмени

Фиксна протетика:
   1. Метал-керамични коронки
   2. Полнокерамични коронки
   3. Титаниум-керамички коронки
   4. Метал-керамични мостови
   5. Полнокерамични мостови
   6. Титаниум-керамички мостови
   7. Метални надградби
   8. FRC надгрдаби
   9. Фиксна супраструктура на импланти
   10. Ламинати
   11. Инлеј/онлеј

Современите методи и материјали што ги користиме овозможуваат високо естетски решенија за вашите проблеми во устата. Наша цел е никој да не може да препознае дека имате протетска реконструкција во устата и се да изгледа природно.

    1. Ламинати E.max lithium disilicate
    2. Полнокерамични коронки и мостови E.max lithium disilicate
    3. Полнокерамични коронки и мостови zolid full contour
    4. Полнокерамични коронки и мостови Empress
    5. Полнокерамични коронки и мостови zirconium oxide
    6. Инлеј и онлеј E.max lithium disilicate, zirconium oxide
    7. Белење на заби
    8. Естетски композитни реставрации

Хируршките интервенции понекогаш се неизбежни и со нивна помош можеме да го продолжиме животниот век на “проблематичните“ заби, да создадеме услови за подобра протетска реконструкција во смисла на црвено-белата естетика. Хирургијата ни е на располагање и секогаш кога постои проблем кој поинаку не е решлив.

   1. Гингивектомија
   2. Апикотомија
   3. Цистектомија
   4. Екстракција на заостанати корени
   5. Екстракција на импактирани и семиимпактирани заби
   6. Инцизија на абсцеси и дренажа
   7. Всадување на импланти
   8. Поставување на гингивоформери и абатмени

Создавањето на навиките започнува од најраната возраст. Вашето дете треба да се запознае со стоматолошката ординација и со стоматологот најдоцна до втората година од животот. Не чекајте тоа да доживее болка за да посетите стоматолог. За полесен пристап и соработка со децата, како и за едукација за одржување на правилна устна хигиена ја создадовме работилницата „Повеќе насмевки“. Со наша помош заедно со вас можеме да создадеме идни генерации со здрави заби и подобро здравје во секаква смисла.

   1.Едукација за устна хигиена за деца
   2. Работилница „Повеќе насмевки“
   3. Гласиономерни пломби
   4. Одонтомија
   5. Залевање на фисури
   6. Топикално флуорирање на млечни заби
   7. Ендодонтско лекување на млечни заби
   8. Екстракција на млечни заби

Дентален
туризам

Изберете ја Македонија како ваша следна туристичка дестинација и санирајте ги вашите заби во нашата ординација. Зошто да ја изберете токму оваа дестинација за дентален туризам? Македонија е прекрасна земја со многу сонце, недопрена природа, гостопримливи и топли луѓе и вкусна храна. Истражете го овој некомерцијален дел од југо-источна Европа кој ќе ви понуди многу нови доживувања. Вие треба само да се одлучите, а ние ќе ви направиме понуда за откривање на убавините на Македонија и план за санација на вашите заби. Во нашата ординација работат стоматолози специјалисти едуцирани во Европа и Македонија, затоа ви нудиме европски квалитет на сите стоматолошки услуги кој се дури за 70 % поефтини од истите услуги во Европа. Работиме со современи стоматолоски матријали од реномирани светски брендови (Ivoclar Vivadent, GS, 3MSP, Ultradent, VoCo, Colttene...). Потребно е само да не контактирате по емаил, се останато е наша грижа. Ве очекуваме.

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН

ГАЛЕРИЈА


Повеќе
Насмевки

Интерактивна работилница за деца и родители, на која преку креативни игри и вежби учиме како превилно да се грижиме за забите и здравјето во усната шуплина.


Повеќе...

Бесплатен преглед

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН

Повеќе од 10.000
задоволни пациенти

25 години
постоење

Врвна услуга
и професионализам

.

Посетете не

Кузман Јосифовски-Питу 30-2/2
1000 Скопје, Македонија
contact@dr-krtolica.com
+389 22 461 887

Работно време

Понеделник до Петок
09:00 - 20:00

испрати порака / закажи термин / резервирај