стоматолошка ординација

ИСТОРИЈА НА ОРДИНАЦИЈАТА

Основач на ординацијата „Д-р. Кртолица“ е прим.д-р. Јелица Кртолица специјалист по стоматолошка протетика. Ординацијата започнува со работа во 1991 година и од тогаш па сé до сега има стекнато повеќе од 10000 задоволни пациенти. Bо нашата ординација можете да се чувствувате како дома. Принципот на работа како ваш семеен стоматолог овозможува темелен пристап, искрен однос и одлична соработка. Наша цел е да нудиме добра превентива за вашите деца и да ги следиме во нивниот развој, вие да имате здравје во устата и насмевка на лицето, а вашите родители да имаат пријатна и квалитетна старост. Ергономичноста и квалитетот се наш избор во работата. Со употреба на современи апаратури и квалитетни материјали успеваме да ја доведеме нашата работа до совршена претцизност, која е нужна за квалитетна и долготрајна стоматолошка реконструкција.