стоматолошка ординација

ЗА ТИМОТ

Bо нашата ординација вашите проблеми стануваат наш предизвик. Кај нас ќе почувствувате дека сте во сигурни раце. Наша цел е да сте безгрижен пациент. Hашиот тим го сочинуваат лекари со богато искуство и долг работен стаж. Тие редовно го надградува своето знаење преку семинари и обуки дома и во странство, и се во чекор со светските стоматолошки стандарди. Се трудиме да ги едуцираме сите пациенти за тоа како правилно да се грижат за своите заби и непца. Со заеднички труд постигнуваме извонредни резултати.

прим. д-р. Јелица Кртолица

специјалист по стоматолошка протетика

Родена во 1953 година во Скопје, дипломира на Стоматолошки факултет во Скопје со највисоки оценки. Нејзината карирера започнува како стручен соработник во Крка од Ново Место, Словенија, а потоа е раководител на Забно одделение во Реплек, Скопје.

Во 1984 Др. Јелица Кртолица е избрана за асистент на Стоматолошкиот факултет во Скопје, а во 1986 година ја завршува специјализацијата по стоматолошка протетика. Во 1997 година се стекнува со стручниот наслов Примариус.

Во 1991 година отвара своја приватна ординација ПЗУ “Др. Кртолица“, што претставува вистински пионерски потфат во областа на приватната стоматологија. Посветеноста на работата и пациентите, константниот висок квалитет на услуги и материјали, направија ПЗУ“ Др. Кртолица“ да стане препознатлив бренд во Македонија и во регионот за што зборуваат изминатите 25 години успешно работење и постојано надградување.

Др. Јелица Кртолица учествувала со свои трудови на два светски стоматолошки конгреси во Орландо, САД и Сеул - Јужна Кореја. Има над 30 објавени трудови како автор или ко-автор во домашни медицински списанија.

Во 1999 година Интернационалниот биографски центар Кембриџ, Англија ја вбројува нејзината биографија во 27-та едиција на успешни луѓе во светот.

Од 2001 година е член на Lions Clubs International, Дистрикт 132 Македонија, во чии рамки во 2014 година беше на највисоката раководна функција, Гувернер на дистриктот. Сите овие години др. Јелица Кртолица успешно ја испреплетува стоматолошката и хуманитарната работа.

+389 2 2461 887

Др. Ана Кртолица

д-р. дент. мед.

Родена во 1982 година во Скопје, од кадешто по завршувањето на основното и средното образование заминува на студии во Љубљана, Словенија. Високо образование стекнува на Универзитетот во Љубљана, Медицински факултет, смер дентална медицина. За време на студиите работи во Продент каде стекнува искуства во продажба на стоматолошки материјали и организација на семинари и обуки во областа на стоматологијата. По завршувањето на студиите волонтира на стоматолошката клиника во Љубљана, а од 2008 година се вработува во Здравствен дом Љубљана, како доктор по дентална медицина, каде работи до 2015 година. Откако се враќа во Скопје, Ана Кртолица –Георгиев ја продолжува својата работа во рамките на семејната стоматолошка ординација др. Кртолица.

Иницијатор и организатор е на работилницата „Повеќе насмевки“ која има за цел да ја поткрене свеста за усното здравје и грижата за забите од најрана возраст. Низ работилницата досега поминале повеќе од 200 деца на возраст од две до седум години.

Ана Кртолица – Георгиев е редовен стручен соработник – колумнист во месечникот “Аптекар“, а во изминативе неколку години често настапува во ТВ емисии од областа на медицината. Нејзино интервју може да се погледне и на престижниот лондонски The Medical Channel www.themedicalchannel.com

+389 2 2461 887

Др. Александра Чоневска Јакимовска

специјалист по ортодонција

Др. Александра Чоневска Јакимовска е родена 1980 год. во Скопје. Студиите ги завршува во 2005 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје.На истиот универзитет во 2011 година завршува специјалистичките студии и се стекнала со титулата специјалист по ортодонција. Учествувала на бројни стручни усовршувања во земјава и странство од областа на ортодонција,естетска стоматологија и детска стоматологија.

Во 2015 година станува лиценциран "damon" ортодонт. Особено внимание посветува на ортотропијата и ж миофункционалната терапија, со која се овозможува правилен раст и развој на целиот лицев масив.

Од 2015 година се занимава и со плазмолифтинг - терапија со сопствени матични клетки за естетски корекции на лицето.

Во 2006 година станува дел од тимот на ПЗУ Др. Кртолица каде работи во насока на рано утврдување, превенција и корекција на ортодонтски неправилности на забите и виличните коски кај деца и возрасни.

+389 2 2461 887

Силвана Грујиќ

медицинска сестра

Родена во 1981година во Свети Николе. Средното образование завршува со одличен успех на државното средно медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, а во 1999 година се здобива со титула медицинска сестра. Во 2000 година полага Државен испит на Медицинскиот факултет во Скопје со што добива лиценца за работа. Работното искуство го започнува во ординација за кинезитерапија во Скопје, а веќе од 2003 година е дел од тимот на приватната здравствена установа Д-р.Кртолица.

+389 2 2461 887